Голем шумски пожар во близина на атинска населба
Неофицијално, огнените јазици стигнале до дел од домовите, гори една куќа, а освен испратената смс порака, претставници на противпожарната служба и на полицијата, одат од куќа до куќа и бараат од граѓаните да ги напуштат нивните домови.