Германскиот канцелар Шолц на 10-ти јуни во Србија, можно е да го посети и Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц треба да ги посети Србија и Западен Балкан на 10 јуни, потврдија за ДВ од српски дипломатски извори, според кои целта е добра подготовка за самитот на Берлинскиот процес, јави допсиникот на МИА од Белград.