Незадоволна од односот на српските власти кон руската агресија во Украина, украинската ИТ компанија „Интелиас“ го пресели својот бизнис од Нови Сад во Хрватска, јави дописникот на МИА од Белград.
Претседателот на Албанија Илир Мета го поздрави едногласното усвојување од страна на законодавниот дом на резолуцијата против руската агресија врз Украина.
На зголеменото присуство на ЕУФОР во Босна и Херцеговина не треба да му се придава посебно значење и не може да дојде до ескалација што би се претворила во вооружен конфликт, изјави претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, додавајќи дека изјавите на Милорад Додик за отцепување се „политичка реторика“
Бугарија, која ги поддржува санкциите против Русија како средство за запирање на руската инвазија на Украина, најверојатно ќе бара исклучок од забраната за увоз на руски природен гас и нафта доколку се даде таков предлог
Од 24 февруари во Бугарија влегле над 38.000 украински граѓани,а бугарската гранична полиција прецизира дека 17.000 украински државјани ја напуштиле земјата.
Штрукељ, на прес-конференција денеска, кажа дека генералниот штрајк, за што гласале над 90 проценти од вработените, ќе биде во градинките, школите и факултетите.
Косовската претседателка Вјоса Османи се приклучи денеска на граѓанскиот протест, организиран од невладини организации и држани институции на Косово, во знак на солидарност со украинскиот народ кој се соочува со воена агресија од страна на Русија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата Влада се уште не одредила датум за поднесување барање за добивање на статусот на земја кандидат за членство во Европската унија, но дека е извесно оти тоа ќе се случи во текот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.
-Оној ден кога ќе бидат примени во која било меѓународна организација, тоа значи дека го поништиле договорот од Вашингтон и тој ден ќе ги дознаат имињата на неколку земји кои го повлекоа признавањето на независноста на Косово, изјави Вучиќ во Ниш.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, ќе се сретнат в недела во Истанбул, објави онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“