Нормализирано водоснабдувањето во подрачјата погодени од експлозијата во каналот Ибар-Лепенец, во северно Косово
Косовската министерка за економија, Артане Ризваноли, утринава објави дека е нормализирано водоснабдувањето во реоните погодени од терористичкиот напад во каналот Ибар-Лепенец, кај Зубин Поток, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.