Курти: Србија треба да почне да се навикнува на реципроцитет од Косово
Косовскиот премиер Албин Курти вели дека, со денешниот договор со српската страна за решавање на последниот спор по воведувањето на времените таблички за возилата кои влегуваат од Србија, Косово воспостави реципроцитет во однос на тој проблем, а со истото, како што порача, соседната држава ќе се соочува и во иднина, јави дописникот на МИА од Приштина.