Иконому: Вакцинирани се двајца од тројца Грци над 12 години
Досега 6,4 милиони Грци над 12-годишна возраст одбраа да се вакцинираат и ова значи дека двајца од тројца Грци над 12 години се вакцинирани, а ако ги вклучиме и оние кои стекнале имунитет откако прележале, тогаш тројца од четворица наши сограѓани имаат антитела, изјави портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите