Врховниот суд на Грција бара да се истражуваат сите пријави за лажни сертификати за вакцинација
Преку циркуларно писмо испратено до сите обвинителства и судови во Грција, обвинителот од Врховниот суд Василис Плиотас, бара „брза и темелна истрага за сите информации поврзани со фиктивна вакцинација и навремено започнување на кривична постапка против виновните лица, кога ќе се појават доволно докази“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.