Грчката црква со поддршка на вакцинацијата – теориите за микрочип во вакцините се нереални
Светиот синод на црквата на Грција, знаејќи дека вакцинацијата е најголем чин на одговорност кон ближните, им препорачува на сите, во консултација со нивниот лекар, да го искористат овој дар од Бог, за самите да се заштитиме, но да ги заштитиме и другите, пишува во циркуларното писмо „Црквата и науката во борбата со пандемијата“, испратено од Светиот синод на ГПЦ до сите соборни храмови и цркви и кое ќе им се прочита на верниците за време на литургијата во недела