Совет на министри на ЕУ: Новата методологија ќе се примени на Србија и Црна Гора
Советот за општи работи на Европската унија се согласи за примена на ревидираната методологија за проширување во процесот на пристапните преговори со Црна Гора и Србија, сопштено е на крајот на состанокот на ова тело, на кое учествуваат министрите на ЕУ одговорни за европски работи, откако двете земји се согласија, јави дописникот на МИА од Белград.