Во Грција целосно вакцинирани десет проценти од популацијата, првата доза ја примиле 21,5 отсто
Од првиот ден до денеска, спроведени се 3.280.000 вакцинации, над 2.260.000 наши сограѓани се вакцинирани со една доза, односно 21,5 отсто, а денеска надминавме еден милион наши сограѓани кои се целосно вакцинирани, што е десет отсто од популацијата, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, надлежен за процесот на имунизација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.