Грција воведува бесплатни тестови за Ковид-19 за домашна употреба
Во среда започнува дистрибуцијата на тестовите за Ковид-19 за домашна употреба, односно т.н. „селф тестови“, во аптеките во Грција, а ќе бидат бесплатни, но и задолжителни за одредени категории граѓани, како што се учениците и наставниците, јави дописничката на МИА од Атина.