Борисов: Интерконекторот со Грција ќе биде готов на 30 декември 2021 година
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, денеска соопшти дека интерконекторот со Грција ќе биде готов на 30 декември 2021 година, од кога земјата ќе може да прима и транспортира гас од терминалот за течен гас во Александрополис, во Грција, каде таа поседува 20 отсто од вредноста на проектот, што е од клучно значење во рамките на иницијативата Три мориња.