Ковид-19 и карантинот го намалија бројот на новороденчиња во Грција
Во ноември и декември 2020 година, односно девет месеци по првиот карантин, за 6,5 отсто се намалил бројот на новороденчиња во Грција, споредбено со истиот период во 2019 година, согласно податоците од Министерството за внатрешни работи, кои ги објавува грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.