Димитрис Куфодинас, осудениот лидер на грчката терористичка организација „17 Ноември“, е во критична состојба
По 57 дена штрајк со глад и 12 дена без течности, осудениот лидер на терористичката организација „17 Ноември“, Димитрис Куфодинас, е во критична состојба со акутна бубрежна инсуфициенција, а лекарите ги презеле сите неопходни чекори за да се задржи во живот, соопштуваат од болницата во градот Ламиа, јави дописничката на МИА од Атина.