Медицинскиот дел од Кризниот штаб во Србија предложи полициски час и забрана за контакти
Единствената опција што ја предлага медицинскиот дел на Кризниот штаб е апсолутен локдаун, односно полициски час и забрана за контакти, бидејќи, според нив, тоа е најефикасен начин за седум до 10 дена да се намали бројот на заразени од коронавирус во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.