Кикиљас ќе препорача целосен и строг карантин во Атина, Мицотакис свика вонреден состанок
Мојата препорака до комисијата ќе биде една куса, строга хоризонтална мерка, односно локдаун, веројатно како минатиот март, рече министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, говорејќи утрово за телевизијата „Open“, задржувајќи се посебно на областа Атика, додека, пак, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис свика вонреден состанок за да се оцени епидемиолошката ситуација во земјата