Во Солун, Атина и на Халкидики за викендите, полицискиот час ќе биде од 18 часот
Посебни рестрикции за викендите се воведуваат од утре до 15 февруари во Солун, Атина и на Халкидики, со затворање на сите продавници и подолг полициски час, односно од 18, наместо од 21 часот, како што беше досега, јави дописничката на МИА од Атина.