Лајчак: Размената на територии меѓу Србија и Косово би била „многу опасна“
Размената на територии меѓу Србија и Косово „би била многу опасна“, изјави претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, за францускиот весник „Монд“, наведувајќи дека дијалогот е запрен поради изборите во Косово, но дека Европската унија (ЕУ) е задоволна што е обновено клучното важно единство со САД во политика кон Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.