Тарандилис: Имаше гужви и редици пред продавниците, токму поради тоа што се почитуваат мерките во внатрешноста
На трговските улици имаше гужва и редици, токму затоа што во внатрешноста на продавниците се почитуваа мерките и ситуацијата беше многу добра, рече портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис, коментирајќи ги гужвите пред продавниците за време на викендот, како во Атина, така и во други грчки градови, јави дописничката на МИА од Атина.