Карантинот и полицискиот час во Грција продолжени за уште една седмица, на 1 февруари се отвораат средните училишта
Постоечките рестриктивни мерки во Грција, односно карантинот, полицискиот час од 21 часот до 5 часот наутро, забраната за патување меѓу региони, задолжителните смс пораки за движење на граѓаните, како и задолжителната употреба на маска се продолжени до 1 февруари, за кога е одлучено отворање на средните училишта, јави дописничката на МИА од Атина.