Вакцинирани над еден отсто од населението во Грција
Од почетокот на вакцинацијата во Грција, односно од 27 декември 2020 година, заклучно со попладнево, вакцинирани се 123.007 лица, со што имунизациската покриеност во земјата достигна до 1,13 отсто, соопшти денеска генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на МИА од Атина.