Курти нема право да учествува на косовските парламентарни избори
Лидерот на опозициското Движење самоопределување (ВВ) и поранешен премиер на Косово, Албин Курти е еден од 47-те од вкупно околу 1.080 пријавени кандидати, кој не ќе може да учествува на вонредните парламенарни избори во Косово на 14 февруари, објавија приштинските медиуми, повикувајќи се на извори во Централната изборна комисија на Косово (ЦИК).