Теохарис: Вакцинираните против Ковид-19 треба слободно да се движат, но вакцинацијата не треба да биде предуслов за патување
Лицата кои што се вакцинирани против Ковид-19 ќе треба да се движат слободно, сепак, мораме апсолутно јасно да ставиме до знаење дека вакцинацијата не треба да биде задолжителна или предуслов за патување, истакна министерот за туризам на Грција Харис Теохарис за време на состанокот во Мадрид на Комитетот за управување со кризи на Светската туристичка организација, јави дописничката на МИА од Атина.