Грчко МНР: Грција нема добиено покана за одржување прелиминарни контакти со Турција
До овој момент, Министерството за надворешни работи на Грција нема добиено никаква покана во врска со одредувањето датум за 61-от круг на прелиминарните контакти со Турција, вели портпаролот на грчкото МНР, Александрос Папајоану, одговарајќи на новинарско прашање, јави дописничката на МИА од Атина.