Со импресивен огномет дочекана новата година во Атина
За време на полициски час, со празни улици, со забрани за собири и организирани дочеци и под драконски безбедносни мерки, но со големи огномети, помина новогодишната ноќ во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.