Грција утре ќе добие уште 83 илјади дози од вакцината, досега вакцинирани над 400 лица
До 16 часот, во петте болници во Атина, беше вакцинирано 471 лице, а беше пријавен случај на алергиска реакција, но која не е сериозна и успешно беше третирана, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција за планот за вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина.