Во три атински општини се воведуваат построги мерки
Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 78 смртни и 1.155 нови случаи на Ковид-19, а грчката Влада, во три атински општини воведува построги мерки со подолг полициски час, затворени бизниси, интензивни контроли, тестирања и информативна кампања, јави дописничката на МИА од Атина.