Албанските компании „во криза“ за персонал, наоѓаат решенија во странски работници, најбројни се Филипинците
Недостигот на персонал ги наведе албанските компании да се свртат кон странски работници. Први на списокот се работниците од Филипините, главно женска работна сила, кои работат во хотелите, во крајбрежните ресторани, во центрите за убавина, па дури и како испомош во семејствата.