Рама по средбата со Херцог: Го поддржуваме прекинот на огнот, тоа што се случува во Појасот Газа е многу сериозно
Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција во Тирана, со претседателот на Израел, Исак Херцог повика на прекин на конфликтот меѓу Израел и Палестина, оценувајќи дека „војната против тероризмот е потешка отколку што може да се види“, објави Ора њуз.