Коњуфца: Дијалогот е во ќорсокак од кој не гледам излез, Бањска беше последниот клинец во ковчегот
Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца изјави дека дијалогот меѓу Косово и Србија е во ќорсокак, за што ја обвини српската страна, и дека не гледа излез од оваа ситуација, јави дописникот на МИА од Приштина.