Мицотакис: Патарините на обиколницата во Атина ќе се намалат од 2,80 на 2,50 евра
Намалување на патарините за 30 центи на обиколницата „Атики одос“ во областа Атика, поширокиот регион на Атина, односно од 2,80 на 2,50 евра од 6 октомври, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.