Шефот на Командата на НАТО во Неапол, Мунш во Приштина на средба со премиерот Курти
Командантот на Сојузничката здружена команда (СЗК) во Неапол, американскиот адмирал Стјуарт Мунш, кој допатува денеска во Косово, се сретна попладнево со косовскиот премиер, Албин Курти, со кого разговарал за активностите на мисијата на НАТО во Косово, КФОР, во функција на обезедувањето сигурност во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.