За седум месеци Република Кипар ја посетиле над 2,3 милиони туристи
Само во месец јули, во земјата пристигнале над половина милион посетители, односно 551.229, што е за 5,3 проценти повеќе од лани, нешто што според медиумите на Кипар е историски рекорд за кипарскиот туризам.