Брегу: Граѓаните од Западен Балкан веруваат дека цивилното општество е корективен фактор на властите
Степенот на доверба на граѓаните во властите и политиката на Западен Балкан е алармантно низок, бидејќи 60 отсто не им веруваат ниту на владите, ниту на парламентите, ниту на правосудството, а му веруваат значително повеќе на цивилното општество, изјави денеска во Тирана генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу.