Фајон: Косово е последната црна дамка на мапата на визната либерализација на Западен Балкан
Европскиот парламент ја потврди поддршката за визната либерализација за жителите на Косово, но прашањето сега е во рацете на Советот на министри на Европската унија, поради загриженоста на некои членки на ЕУ, предизвикана од нелегалната миграција и недостигот на резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата, објави „Коха Диторе“.