Путин: Дополнителен развој на билатералната соработка со Грција е во интерес на двата народа
Дополнителен развој на билатералната соработка во различни области, несомнено одговара на интересите на народите на Русија, Грција и цела Европа, пишува рускиот претседател Владимир Путин во честитката испратена до грчкиот државен врв по повод денот на независноста на Грција, според амбасадата на Русија во Атина.