Могерини ќе се заложи жртвите на силување во војната да бидат дел од диjалогот Белград-Приштина
Косовската Албанка, жртва на сексуално насилство во војната во Косово од 1998-99 година, Васфије Красниќи – Гудман, се сретна со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, од која побарала преживеаните жртви на силување во војната да не бидат заборавени во преговорите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.