Брнабиќ: Платформата е завршен удар врз дијалогот, реакцијата ќе биде одмерена
Преговарачката платформа на Приштина, без сомнение е третиот и последен удар врз дијалогот, тоа е документ против каков било компромис и дијалог, спротивен на здравиот разум, а реакцијата на Србија ќе биде одмерена и во интерес на нашите граѓани, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.