Харадинај: Америка никогаш нема да го напушти Бондстил заради косовската такса кон Србија
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги отфрли како неосновани информациите во медиумите дека Соединетети Американски Држави ќе ги повлечат своите војници од Косово доколку неговата влада не ја повлече одлуката за 100 отсто такса на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.