Изборите во 2019 година ќе ја чинат Грција над 30 милиони евра
Министерството за внатрешни работи на Грција започна со подготовки за изборите во текот на оваа година, со набавка на потребен материјал: хартија за гласачки ливчиња, коверти, гласачки кутии, паравани… за што досега се одвоени над 30 милиони евра од државниот буџет, јави дописничката на МИА од Атина.