По состанокот со американската делегација, Тачи го посети лидерот на опозицијата
Претседателот на Косово, Хашим Тачи доцна синоќа го посети лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа со цел, како што беше објавено, да го информира за средбата што тој и премиерот Рамуш Харадинај ја имаа со претставниците на американскиот Национален совет за безбедност.