Вулин: Србија има 14 авиони Миг 29, ќе набави и 16 хеликоптери
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека по ремонтот и модернизацијата на четирите белоруски авиони Миг-29, за кои вчера беше извршено примопредавање, воздухопловните сили на српската војска ќе имаат 14 ловци на ниво на 4+ генерација, со што земјата ќе има, како што рече, „апсолутно најмодерна флота на ловци од 1987 година“.