Тачи: Идејата за корекција на границата прв ја изнесе Ибрахим Ругова
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека идејата за корекција на границата со Србија, за која тој упорно се залага од минатото лето, прв ја изложил првиот претседател на Косово Ибрахим Ругова, а подоцна и поранешниот претседател на Собранието, академикот Неџат Даци и членот на раководството на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), градоначалникот на Гњилане Љутфи Хазири, јави дописникот на МИА од Приштина.