Атина бара од Лондон заштита на правата на граѓаните по Брегзит
Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во писмо до неговиот британски колега Џереми Хант наведува дека основен приоритет по Брегзит треба да бидат правата на граѓаните, како на Грците кои живеат, работат и студираат во Велика Британија, така и на Британците во Грција, со цел да продолжат да ги уживаат целосно соодветните, ако не и истите права, како и досега.