Спираки: Името на соседната земја е Северна Македонија, дискусијата за таблите е од мало значење
Според Договорот од Преспа, официјалното име е Северна Македонија, а дискусијата за таблите е од мало значење. Впрочем тие означуваат растојание меѓу градовите, коментираше портпаролката на Нова демократија, Мариа Спираки на брифингот со новинарите во однос на промената на таблите во северниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.