Се зголемува бројот на починати од грип во Грција
За само една седмица, од 4 до 10 февруари, во Грција биле регистрирани 17 нови случаи на починати од грип, со што бројката достигна 56 лица, според последните податоци од грчкиот центар за контрола и превенција од болести, јави дописничката на МИА од Атина.