Поддршка за грчката Влада од шестмина пратеници
Со писма до претседателот на Парламентот, Никос Вуцис, шесттемина пратеници што гласаа за доверба на грчката Влада, бараат од сега па натаму, нивните гласови да се бројат заедно со гласовите на пратениците од СИРИЗА за законите што во иднина ќе ги носи владата и за кои ќе биде потребно владино мнозинство, а не гласање со прозивање на пратениците, јави дописничката на МИА од Атина.