Вучиќ: Србија ја поддржува соработката и интеграцијата на Западен Балкан
Србија ќе продолжи со политиката на регионалната соработка на Западен Балкан, бидејќи целиот регион треба да напредува на патот кон европските интеграции, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата во Белград со генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу.