Албанскиот премиер Еди Рама остро реагираше на ставот на претседателот Илир Мета за анулирање на изградбата на големата обиколнца во Тирана.
Косовската полиција потврди дека вчера во Приштина се приведени двајца припадници на меѓународната мисија на Обединетите нации во Косово – УНМИК, осомничени дека во еден локал во центарот на градот украле паричник, јави дописникот на МИА од Приштина.
Средба со грчкиот премиер и претставници на Владата, бараат грчките земјоделци кои на вчерашниот состанок решија не само да продолжат со блокадите и протестите, туку и да ги засилат нивните активности, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис објасни дека за него, прашањето не е затворено, иако веќе постојат работи што се „негативни и завршени, но националните обиди не запираат“.
Група од околу 15 членови на анархистичката група „Рубикон“ со бои ја нападнаа италијанската амбасада во Атина. Полицијата приведе 14 лица, а грчкото МНР го осуди нападот, јави дописничката на МИА од Атина.
Српската православна црква (СПЦ) нема да ја признае „новата црква“ создадена во Украина, изјави патријархот на СПЦ, Иринеј за ТВ Русија 1.
Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли на министерскиот состанок во Букурешт, му се заканувал со смрт на првиот потпретседател на српската Влада и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, пишува денешен „Курир“.
Албанскиот претседател Илир Мета го соопшти својот став околу проектот за изградба на Големата обиколница во Тирана, барајќи поништување на истиот.
Во Албанија денеска почина 48-годишен маж како последица од вирусот АХ1Н1, познат како свински грп.
Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило, се најде на мета на закани и говор на омраза на социјалните мрежи.