Заврши состанокот на косoвскиот државен врв со американскиот амбасадор
Првите луѓе на државните институции на Косово, претседателот на државата Хашим Тачи, претседателот на Собранието Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај, го завршија состанокот со американскиот амбасадор Филип Коснет, но ниту еден од нив, по напуштањето на Амбасадата на САД, не даде изјава за медиумите, јави дописникот на МИА од Приштина.